Connect with us

Фудбал

Перез пресече, позната иднината на Анчелоти, но и тројцата најискусни „кралеви“

Сега е јасно – Карло Анчелоти останува тренер на Реал Мадрид! Мадриѓаните синоќа беа убедливо поразени со 4:0 од Манчестер Сити во реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите и на тој начин се простија од одбраната на титулата европски првак. Барселона стана нов шампион на Шпанија, но претседателот на Реал, Флорентино Перез не сака да го замени Карло Анчелоти.

Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, Перез одлучил Анчелоти да биде тренер на „кралскиот“ клуб и во следната сезона, додека му трае договорот. Покрај Анчелоти, во Реал Мадрид ќе останат и тројца од најискусните фудбалери Карим Бензема, Лука Модриќ и Тони Крос на кои наскоро и официјално ќе им бидат понудени нови договори.