Connect with us

Други спортови

Перез славеше во Баку!

Возачот на Ред Бул, Серхио Перез е победник на трката за Големата награда на Азербејџан во Формула 1.

На уличната трка во Баку, Ред Бул беше недостижен за конкуренцијата, но победата сепак ја освои Перез, кој стартуваше зад својот клубски колега и светски шампион Макс Верстапен.

Верстапен поведе од третиот круг, Перез го престигна Шарл Леклер кој ја имаше пол-позицијата, а потоа во 11-от круг се случи инцидент и крај на трката за Ник де Вриј кој го донесе безбедносното возило на патеката.

Потоа Верстапен отиде во боксот, се врати седми, додека Перез остана прв и остана таму до крајот на трката.

Верстапен брзо се избори за второто место, но не можеше да го претекне својот клубски колега.

Трет на подиумот заврши Шарл Леклер од Ферари.

Во генералниот поредок сега води Верстапен со 93 бода, шест повеќе од Перез, додека трет е Алонсо со 60.

Следната трка од сезоната во Формула 1 се вози следниот викенд за Големата награда на Мајами.