Connect with us

Фудбал

„Перишиќ е физички исцрпен, не зборувавме за Интер“

Интер ова лето би можел да остане без хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ. Имено, Перишиќ на Светското првенство во Русија покажа одлична игра, па на крајот со „Ватрените“ дојде до сребрен медал.

Тој беше еден од ударните играчи во тимот на Златко Далиќ и неговата цена дополнително порасна. Веќе и претходно се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, а неговиот статус го прокоментира и тренерот на Интер Лучијано Спалети.

„Разговарав со Перишиќ кога завршија со славењето, ми призна дека е физички исцрпен, како и ментално. Сега треба да се опорави и одмори, но не зборувавме околу тоа дали ќе остане во Интер“; кажа Спалети за британските медиуми.

Перишиќ во Интер дојде од Волфзбург, а претходно настапуваше за Борусија Дортмунд, Клуб Бриж, Сошо, Хајдук…

Според трансфермаркетот неговата вредност изнесува 40 милиони евра, а Интер наводно нема да се согласи на оваа цифра, доколку дојде официјална понуда во клубот.