Фудбал
Перишиќ како крилен напаѓач
Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, ќе се обиде до крајот на летниот преоден рок да ги осигура услугите на хрватскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, Иван Перишиќ.
Крилниот напаѓач изминатата сезона ја одработи како позајмен играч во дресот на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Баерн (М). Хрватот ќе се пресели на „Олд Трафорд“ само доколку понудата за неговите услуги не биде помала од 20 мил. евра.
vecer.press