Ракомет
Пешевски: Домаќинот ги искористи нашите промашувања и не казни
Поразот на нашата репрезентација во Виена беше еден од најтешките за нашата репрезентација. Австријците ја искористија секоја грешка што ја направија нашите ракометари и не совладаа со 32:28.
Еден од ракометарите кој дадоа изјава по завршувањето на натпреварот беше и Жарко Пешевски кој се заблагодари за поддршката на навивачите.
„Започнавме во грч, промашивме неколку зицери, но добро беше што веднаш се вративме во игра и го израмнивме натпреварот. Сепак, следуваше нов пад и лесни голови за противникот. Како што го завршивме првиот дел така и го отворивме второто полувреме. Промашувањата продолжија и домаќинот го искористи тоа и нè казни. Сакам да им честитам на Австија за победата и да им се заблагодарам на сите што беа со нас и што губеа живци во овие неколку дена тука во Виена“, рече Пешевски