Connect with us

Ракомет

Пешевски: Очекувам машки, груб дуел – „Чешкиот императив за победа може да биде наша предност“, вели Велковски

Во очи утрешниот натпревар на Македонија против Чешка, дел од македонските ракометари на средба со новинарите коментираа и анализираа што ќе ни е потребно за победа над Чешка.

Пешевски вели дека нема да има многу голови и дека голманите повторно ќе ја имаат клучната улога.

„Очекувам машки, груб дуел, можеби и нема да има многу голови. Голманите сметам дека пак ќе имаат клучна улога. Често играме против Чешка и добро се познаваме. Сигурен сум дека ќе ни треба подобро издание од натпреварот со Украина, за да ги совладаме“, изјави Жарко Пешевски.

Бекот на Еурофарм Пелистер вели дека треба повеќе да се ризикува и да се преземе одговорност. Вели дека селекцијата на Чешка добро ја познаваат со оглед на тоа што и во изминатите ЕП често нашата репрезентација се среќаваше со Чешка.

„Тоа што Чесите мора да победат за да останат во турнирот треба да ни биде предност. Мора повеќе да ризикуваме, да ја преземаме одговорноста, за да бидеме поразноврсни и поопасни за противникот. Добро се познаваме со Чешка, нема тајни и верувам дека можеме да играме против нив“, вели бекот на Еурофарм Пелистер – Мартин Велковски.

Македонија утре го игра вториот натпревар на ЕП. Од 16.00 часот прв натпревар за утре во Групата Б, Чешка-Македонија.