Фудбал
Пет клубови го сакаат дефанзивецот на Барселона
Жан-Клер Тодибо ги одбројува своите последни недели во Барселона, пренесува „Мундо Депортиво“.
Каталонскиот медиум наклонет кон Барселона е убеден дека Тодибо ќе го напушти „Камп Ноу“.
Францускиот дефанзивец кој пристигна минатата зима од Тулуз е заинтересиран за пет клуба од Италија, Германија, Франција и Англија.
19-годишникот во своите редови го сакаат: Милан, Монако, Баер Леверкузен и два клуба во Премиер лигата, Саутемптон и Ватфорд.
Тодибо забележа само два настапи во лигата оваа сезона во победи над Гетафе (2-0) и Севиља (4-0). Тој исто така играше во Лигата на шампионите против Интер кога на „Меаца“ беше 1:2.