Connect with us

Фудбал

Пет милиони евра за Дортмунд – три години по продажбата на Дембеле

Со задоцнување од неколку натпревари, Барселона ја исплати новата рата од пет милиони евра на Б. Дортмунд. Три години поминаа откако го напушти „Вестфален“, а во Дортмунд уште „капнуваат“ пари. И кога се заминуваше се знаеше дека станува збор за најдобриот трансфер на Борусија.

Францускиот крилен напаѓач кон почетокот на сезоната го одигра својот 75-ти натпревар за Каталонците, а минатата недела легна уплатата на сметка на германскиот клуб, бидејќи според договорот, на основните 105.000.000 евра, Барса има обврска на секои 25 натпревари на Усман Дембеле да и уплати по 5.000.000 на Борусија.

Со оглед на тоа дека Барселона „кешираше“ 105 милиони евра за стаклениот Дембеле, според бонусите за настапи, но и индивидуалниот учинок и успех на клупски план, сумата може да порасне до 148 милиони евра, а засега се исплатени околу 130 милиони евра.