Фудбал
Петит: „ Венгер нема доверба во Лаказет, сигурен сум дека на лето си заминува“
Некогашниот играч на Арсенал, Емануел Петит, рече дека трансферот на Пјер-Емерик Аубамејанг било голем показател дека Арсен Венгер изгубил верба во Александр Лаказет, па затоа неговата кариера во клубот е пред самиот крај.
„Тој е под огромен притисок. Или ќе се подобри, или нека се подготви да си оди летово. Трансферот на Аубамејанг ми кажува дека можеби е предоцна за Лаказет, вербата на Венгер е изгубена“, рече Петит.
Александр Лаказет има само еден гол на последните 12 натпревари за Арсенал во сите конкуренции.
„Аубамејанг е човекот кој навивачите на Арсенал толку долго го чекаа, тој е вистинскиот човек“, додаде Емануел Петит.