Connect with us

Други спортови

Петнаесет комплети медали ќе бидат доделени на петтиот ден на Олимпијадата во Париз

Во 10 спортови ќе бидат доделени 15 комплети медали денес на Олимписките игри во Париз.

Пред почетокот на натпреварувањата во петтиот дене на Игрите, лидер е Јапонија со седум златни медали. Кина и Австралија имаат по шест, Франција и Кореја собраа по пет злата. Следуваат САД и Велика Британија со по четири најсјајни одличја, три има италија, по две Канада, Хонгконг и Германија. По едно злато досега освоија: Казахстан, ЈАР, Белгија, Ирска, Азербејџан, Нов Зеланд, Романија, Србија, Словенија и Узбекистан.

Вкупно 43 држави имаат освоено барем по еден медал.