Фудбал
Петров: На натпреварот со Северна Македонија гледаме само како на спортски настан
Бугарија е домаќин на првите два натпревари од Лигата на нации.
Селекторот на бугарската репрезентацијата Јасен Петров е запознаен со составот за денешниот прв натпревар од новото издание на Лигата на нации. Двете репрезентации се среќаваат во Разград.
„Составот е јасен. Немам двоумење за овој натпревар“, коментираше Јасен Петров на прес-конференцијата пред натпреварот.
Тој претпочита средбата со македонците да се гледа само како спортски настан, без да ги потенцира политичките односи меѓу двете земји.
„Фудбалот е најголемата игра во светот. Спорт кој луѓето многу го сакаат. На фудбалот гледаме само како на игра. Моето верување е дека треба да има љубов, а не омраза. Јас не сум политичар, го прифаќам противникот со почит“.
„Натпреварите не ги делиме на важни и неважни. Најважниот натпревар е следниот. Фокусирани сме на овој натпревар. Респект за противникот, но сакаме да победиме“, изјави Јасен Петров.