Кошарка
Петта победа во низа за шампионот, дури шест кошаркари со двоцифрен ефект
Бранителот на титулата во НБА лигата Лос Анџелес лејкерс ја забележа синоќа петтата победа во низа, совладувајќи го Њу Орлеанс со 112:95.
Лејкерси до 11 триумф сезонава повторно ги предводеше Леброн Џејмс, а за шампионот ова беше шести натпревар сезонава на кој дури шест кошаркари запишаа двоцифрен ефект (Џејмс 27, Дејвис 17, Харел 16, Калдвел-Поуп 16, Шредер 12).
НБА разултати од ноќта меѓу петокот и сабота:
Бостон – Орландо 124:97
Кливленд – Њујорк 106:03
Милвоки – Далас 112:109
Оклахома – Чикаго 127:125 (по продолжение)
Јута – Атланта 116:92
Лос Анџелес лејкерс – Њу Орлеанс 112:95
Сакраменто – Лос Анџелес клиперс 100:138.