Connect with us

Други спортови

Петти велешки пливачки маратон в сабота на езерото „Младост“

Петтото издание на традиционалниот пливачки маратон на езерото „Младост“, што го организира Општина Велес под покровителство на Пливачката федерација на Македонија ,а заедно со ЗГ „Клуб 28“ и Кајак Клубот „Бабуна“ од Велес ќе се одржи на 15 септември.

Како што информира Иле Попов од Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28“ во 10 часот е рекреатививниот пливачки маратон на кој досега се пријавиле 20 рекреативци. Во 12 часот стартува маратонот на 2,5 и пет километри во женска и машка конкуренција за кој се пријавиле 30 пливачи, а истиот е последен маратон од годинашниот Македонски куп во далечинско пливање.

– Пливачкиот маратон е од национален карактер и истиот ќе биде обезбеден од 20 спасители на вода од Општинскиот Црвен крст и 30 кајакари од велешките кајакарски клубови, информира Попов.

Сите заинтересирани се уште можат да се пријават за учество. Рекреативците претходно мораат да обезбедат лекарско уверение од лекар интернист, односно да се јават на здравствен преглед во ординацијата на д-р Милчо Трајков во Велес.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com