Фудбал
Пике сурово искрен: Ќе ни биде многу тешко да ја освоиме титулата
Стоперот на Барселона, Жерард Пике смета дека, врз основа на натпреварите на неговиот тим во последно време, Реал Мадрид е поблизу до титулата.
Барселона ја посети Севиља во петокот вечер и на крајот, со многу тешкотии, освои бод (0:0), но Реал Мадрид има шанса да се изедначи со Каталонците на гостувањето кај Реал Сосиедад вечерва.
„Мислам дека ќе биде многу тешко да се стане шампион, ќе ни биде многу тешко да ја освоиме титулата “, рече искрено Пике.
“Имавме шанси, ја контролиравме играта, но Севиља се покажа како вистински тим и на крајот на краиштата тие се трети на табелата. Тие имаат сила и квалитет. Ремито нè остава во позиција повеќе да не зависим се од нас”, додаде играчот на шпанската репрезентација.
Веќе во вторник навечер, Барселона ќе биде домаќин на Атлетик Билбао и тогаш нема да имаат право на нов неуспех.