Connect with us

Фудбал

Пике ја напушта Барселона во јануари и ќе направи шокантен трансфер

Се чини дека Жерар Пике веќе во јануари ќе ја напушти Барселона, но неговиот трансфер може да се претвори во вистинска бомба.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Пике кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид.

Желбата за овој трансфер му припаѓа на Диего Симеоне, кој по секоја цена сака да го има во својот тим.

Се очекува Фелипе и Хермосо да го напуштат Атлетико, бидејќи Симеоне не е задоволен од нивниот настап, што значи дека наскоро би можеле да започнат официјални преговори за трансферот на Пике.

Во моментов односите меѓу Пике и Чави не се розови и разделбата е буквално прашање на недели.