Connect with us

Фудбал

Пике лаже! Случајно постигна гол

Каталонскиот гигант Барселона забележа минимална победа од 2:1 на гоствањето во Холандија и на тој начин ја освои првата позиција во групната фаза од Лигата на шампиони. ПСВ беше подобар противник во првото полувреме, но во 61. минута на сцената се појави Лионел Меси. Аргентинецот прими топка на центарот, потоа му ја додаде на Дембеле, кој веднаш му ја врати во казнениот простор, а таму Меси се ослободи од неколку играчи и мајсторски го постигна првиот погодок на натпреварот.

Девет минути подоцна, Меси изведе слободен удар, а топката случајно го погоди Жерар Пике и истата заврши во противничката мрежа. По натпреварот шпанскиот интернационалец се пофали дека станува збор за извежбана акција, но таков одговор пред новинарите не даде Лионел Меси. Капитенот на актуелниот шампион на Шпанија изјави дека станува збор за чиста случајност.

  • Пике навистина изјави дека тоа е вежбана акција? Лаже. Лошо го изведов слободниот удар.  Пике таму се најде и ја погоди топката, изјави Меси.