Connect with us

Фудбал

Пике му кажа на Меси дека сака да си замине, Шакира го избра следниот клуб

Доколку може да му се верува на шпанските медиуми, Барселона ќе загуби еден од своите клучни играчи, Жерард Пике, во текот на летото.

Според „Дон Балон“, Пике веќе им соопштил на Лео Меси и водечките луѓе дека сака да го напушти „Ноу Камп“ по 12 години, при што МЛС е можната следна дестинација.

Иако има договор до 2022 година, 33-годишниот стопер ја донесе својата одлука да си замине додека влегува во неговите доцни години во кариера, но сепак сака да продолжи да игра фудбал.

Шакира, исто така, наводно се согласила да замине во МЛС каде Пике треба да игра во амбициозниот дрес на Интер Мајами, во сопственост на Дејвид Бекам.

Пике е само едно од бројните звучни имиња што Бекам ги сака во неговиот клуб. Како потенцијално засилување се споменуваат Давид Силва, Серхио Бускетс, Единсон Кавани.