Фудбал
Пике: Мурињо ги уништи односите меѓу шпанските играчи
Жерар Пике раскажа за времето кога Жозе Мурињо беше тренер на Реал Мадрид . Дефанзивецот на Барселона објасни дека Португалецот бил причина за прекин на односите меѓу каталонските фудбалери и нивните колеги од Реал.
Се сеќавам на првиот пат кога дојде на Камп Ноу со Реал Мадрид , откако ја освои тројната круна со Интер . Тоа беше тежок удар за него бидејќи се соочи со реалноста и загуби со 0:5. Притискаше секој ден на прес-конференции, а тоа беше премногу за Гвардиола . Немаше никаква врска со фудбалот“, изјави Пике.
Gerard Pique says Mourinho “destroyed” Guardiola with mind games forcing Barcelona exit: https://t.co/svktY5nQsF
— MCFC News (@mcfcnewsapp) May 13, 2022
Ако отиде кај одреден играч и му каже: „Некој те мрази“, играчот ќе му поверува. Бев во репрезентацијата и требаше да се збогувам со Касијас, но тој не сакаше да разговара со мене. „ Моравме да имаме состаноци меѓу играчите на Барселона и Реал за да ја обновиме нашата врска, да бидеме во иста соблекувална“, додаде тој.