Connect with us

Фудбал

Пике под прашалник за Интер и „Ел Класико“

Нема добри вести за Ернесто Валверде и Барселона од натпреварот на „Ванда Метрополитано“. Секако, среќата не недостасуваше во победата од 1:0 над Атлетико Мадрид, кој е директен ривал за титулата во Ла Лига. Пред голот на Лионел Меси во 77. минута, „Каталонците“ беа шокирани од повредата на Жерард Пике. Дефанзивецот го повреди коленото по силниот судир со Витоло.

Откако првично се обиде да ја продолжи играта, Пике мораше да се откаже. Потоа беше заменет со Умтити. Оваа ситуација ги загрижува „Каталонците“, затоа што дефанзивецот покрај тоа што може да го пропушти натпреварот од ЛШ на 10 декември, кога Барса ќе се соочи со Интер, тој би може да го пропушти и „Ел Класико“ на 18 декември, против Реал Мадрид.

Вистински кошмар за Валверде, откако пристигнаа првите резултати од медицинскиот преглед на Пике. Судирот бил сериозен во коленото, Пике почуствува силна болка, обид да продолжи не успеа, па конечните резултатите од прегледот не се очекува да бидат толку добри.