Connect with us

Фудбал

Пике: „Посилни сме по елиминациите од Рома и Ливерпул“

Жерард Пике ги изненади сите на прес-конференцијата, ден пред судирот во Лигата на шампионите со Наполи.

Играчот од средниот ред на Барселона смета дека нокаут-елиминацијата на Рома во 2018 година и Ливерпул во 2019 година – само ја засилија екипата.

И во двата случаи Барселона победуваше со убедливи резултати, 4-1 и 3-0, но претрпе драстични порази од 3-0 и 4-0 во повратните предизвици и беа елиминирани од ЛШ.

„Кошмарите со Рома и Ливерпул? Никогаш нема да ги заборавиме, бидејќи тие беа дел од нашите кариери. Она што мислам е дека дури и од овие порази мора да најдете позитивни работи. Верувам дека што и да дојде сега, ќе бидеме подготвени да се соочиме со тоа. Тие две елиминации можеби беа и добро за нас, бидејќи сум сигурен дека научивме многу“, рече Пике.

Тој вели дека играњето против Наполи нема да биде лесно.

„Наполи се подобри многу во последните натпревари. Не ја започна сезоната добро, но сега се подобри. Тие го совладаа Ливерпул, Јувентус. Треба да бидеме будни за да избегнеме пораз“.