Connect with us

Фудбал

Пикси или Пауновиќ селектор на СрбијаПикси или Пауновиќ селектор на Србија

Србија повторно во проблеми откако Славољуб Муслин по постигнатиот успех и пласман на нашиот северен сосед на СП во Русија поднесе оставка.

Сега по многу имиња и кандидати за негов наследник битката се води помеѓу Драган Стојковиќ и Вељко Пауновиќ.
Српските медиуми го фаворизираат популарниот Пикси, пред се поради поголемото искуство кое го има со себе. Но прашање е дали Стојковиќ ќе биде комплетно слободен да ја реализира замислата на фудбалската федерација на Србија. Посебно ако се земе в предвид дека е под договорна обврска со еден кинески прволигаш.

Од другата страна се повеќе се наметнува популарниот „Паун“.

Еден од најдобрите млади тренери кај нашиот северен сосед, моментално работи во МЛС екипата Чикаго Фајр. Но со еден многу „полабав“ договор, кој му овозмиожува да биде селектор на „орлите“ на мундијалските мечеви во Русија. Секако под услов да добие и официјална покана за тоа „работно место“.