Фудбал
Пикси станува селектор на Србија, плата од милион евра!
Легендата на југословенскиот фудбал, Драган Стојковиќ, попознат како Пикси, ќе биде новиот селектор на репрезентацијата на Србија, пишуваат тамошните медиуми. Неговата годишна плата би требало да биде милион евра.
Наводно се е договорено, а се чека само потпис.
Драган Стојковиќ Пикси е легенда на југословенскиот фудбал. Беше најдобриот играч за врска во свое време, а потоа и носител на репрезентација на Југославија.
Како фудбалер играл за Црвена Звезда, Олимпик Марсеј, Верона и Нагоја. Како тренер ги предводел екипите на Нагоја и Гванжу.
Добитник е на бројни индивидуални награди.