Тајмаут
ПИЛОТОТ БЕШЕ ПРЕДУПРЕДЕН: Откриена можната причина за несреќа во која загинаа Коби и Џиана Брајант
Според американските медиуми, се појави аудио снимка каде пилотот бил предупреден дека лета премногу ниско, неколку секунди пред хеликоптерот да исчезне од радарот.
Во хеликоптерска несреќа во неделата околу 10 наутро, по Калифорниско време загинаа девет лица, вклучувајќи ја и големата Ѕвезда во НБА, Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка, Џиана.
Според „Лос Анџелес Тајмс“, полицијата во Лос Анџелес и одделот на шерифот ги спуштиле своите хеликоптери вчера наутро поради незгодното време.
Портпаролот на Лос Анџелес Тајмс изјави дека „условите не ги исполнија минималните стандарди на летот“, додека пилотот кој во минатото леташе со Брајант, рече дека времето е речиси сигурно како резултат на несреќата.
„Веројатноста од катастрофален дефект на хелихоптерот – тоа едноставно не се случува“, рече пилотот Курт Дик, изјави Скај.
Хеликоптерот, наводно вчера бил ставен на чекање заради други летала и вртел околу 15 минути пред да добие дозвола од контролорот на летање да продолжи.
Контролорите споменаа лоша видливост околу областите Бербанк и Ван Ница, но пилотот нормално зборуваше со нив, пред да дојде до прекин на комуникацијата во близина на местото на несреќата во Калабасас. Неколку секунди подоцна, хеликоптерот исчезна од радарот.
Брајант и осум патници летаа со хеликоптер Сикорски С-76. Тоа е еден од најбезбедните хеликоптери што се користат во мисиите за пребарување, спасување и брза помош.
Брајант честопати со хеликоптер патувал во центарот „Стејплс“ за да го избегне метежот и вревата на улиците на Лос Анџелес.
Њујоршкиот авијациски адвокат, Џастин Грин, кој летал со американските маринци, изјави дека пилотите би можеле да бидат дезориентирани заради лошата видливост и дека може да изгубат насока. Сепак, тој додаде дека благодарение на инструментите, пилотот на С-76 може да лета на слепо, потпирајќи се само на читања и без визуелни совети.
Фановите и многу светски sвезди, не само во спортскиот свет, туку и во забавата и во политиката, се збогуваа со еден од најдобрите НБА играчи на сите времиња.