Фудбал
Пиоли: Лут сум на моите играчи, срамота е да изгубиме вакво дерби
Милан синоќа водеше со 2:0 против Интер на полувремето во градското дерби, но на крајот беше поразен со 4:2.
Росонерите одиграа одлично прво полувреме и со головите на Ребиќ и Ибрахимовиќ имаа предност од 2:0, но потоа тие беа едноставно непрепознатливи во второто полувреме.
Интер го искористи тоа и со одличен пресврт, успеа да победи и да се врати на првото место во Серија А. По натпреварот, тренерот на Милан, Стефано Пиоли беше крајно незадоволен од настапот на своите играчи во другите 45 минути.
„Првото нашата тактика одлично функционираше. За жал, можевме да имаме повеќе од 2:0. Примивме два гола за три минути и тоа реши сè. Ибра имаше шанса да ирамни и на 3:3, но едноставно не успеа“, рече Пиоли, а потоа започна да ги критикува играчите.
„Јас сум лут на моите играчи затоа што попуштивме во одбраната и бевме строго казнети. Вистинска штета е да се изгуби на овој начин. Го контролиравме натпреварот и покажавме дека Интер не е подобар од нас иако имаат 19 бодови повеќе на табелата. Првото полувреме бевме одлични, но потоа едноставно паднавме. Морам да сум лут и вознемирен затоа што знам дека овие играчи можат да направат многу ако не направат толку многу грешки во натпреварите“.