Фудбал
Пиоли позитивен на коронавирус
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли е позитивен на вирусот корона.
Милан изјави дека Пиоли нема симптоми и е во изолација дома.
Играчите и другите членови на стручниот штаб беа негативни, додаваат од клубот.
Лидерот на Серија А го откажа тренингот, а активностите ќе продолжат во понеделник во согласност со протоколите.
Милан првиот натпревар по репрезентативната пауза ќе го одигра на 22 ноември, кога ќе гостува кај Наполи.
Тимот на Стефано Пиоли е прв на табелата во италијанскиот шампионат со два бода повеќе од второпласираниот Сасуоло.