Connect with us

Фудбал

Пиоли: Во сабота ќе ја потврдиме групата со која ќе ја завршиме сезоната

По пристигнувањето на Ибрахимовиќ, Милан се обидува да синхронизира некои елементи во составот. Стефано Пиоли ја анализира состојбата на тимот во пресрет на натпреварот во Купот на Италија против Торино. Во изјава за „Раи Спорт“, тренерот на Милан истакна:

„Трансфер периодот ќе биде затворена во петок. Во сабота ќе ја потврдиме групата со која ќе ја затвориме сезоната. Дали ќе бидат исти играчи како во сабота? Не знам, не можам да го кажам“.

Најновите резултати дадоа нова надеж за сезоната што започна на најлош начин, но Пиоли сепак бара концентрација.

„Мора да се соочиме со оваа убеденост и верба. Важен натпревар нè чека, против противникот кој ќе биде многу тежок. Ќе ни треба многу решителност и ефикасност и на нас и на нашите противници“.