Connect with us

SPORTM.mk

Пирло по новата катастрофа во Јувентус: Оставка? Не, нема да се откажам!

Јувентус беше поразен од Милан со 3:0 во Торино во големото дерби од 35. коло на италијанската Серија А.

Сепак, тимот Андреа Пирло имаше катастрофален настап. Бјанконерите скоро и да не гледаа кон голот на Росонери, кој заслужено го прославија на крајот.

Пирло ја прифати одговорноста за поразот по натпреварот, но веруваше дека неговиот тим ќе одигра многу подобар натпревар.

„Тимот изгледаше добро во текот на неделата. Имавме вистински пристап и бевме сконцентрирани. Бевме убедени дека ќе одиграме одличен натпревар“, изјави Пирло по тешкиот пораз од Милан.

Тренерот на Јувентус нема намера да понуди оставка.

„Оставка? Не, нема да се повлечам. Дојдов тука со голем ентузијазам и покрај многу тешкотии. Јас сум на располагање на клубот. Имаме уште три натпревари и ќе останам овде колку што можам“, рече Пирло и продолжи:

„Ако нешто не е во ред, ја преземам целосна одговорност. Овој тим има одлични играчи и очигледно дека нешто не е како што треба. Имав на ум друг проект и верував дека ќе имам малку поинаков тим. Работев на некои концепти, но морав да направам одредени промени за да се прилагодат на нивните карактеристики“, истакна Пирло.

Тимот од Торино во моментов е само петти на табелата во Серија А, а до крајот на сезоната им преостануваат уште три многу тешки натпревари.

Јувентус до крајот на сезоната ќе игра со Сасуоло (среда), Интер (сабота) и Болоња (недела).

Исто така, „Бјанконерите“ се во финалето на Купот на Италија, кое ќе го играат против Аталанта, но Пирло најверојатно нема да го задржи тој трофеј на клупата.

Раководството на Јувентус веќе многу размислува за нов тренер, а тоа може да биде повторно Макс Алегри, кој е најголемиот кандидат за нов тренер.