Фудбал
Пирло се подготвува за тренерските води
Легендарниот Италијанец Андреа Пирло наскоро би можел да отплови во тренерските води.
Тој откри дека бил во контакт со неколку тимови, иако претходно тврдеше дека нема желба за таа работа. Но сепак, сега работите се сменија.
„Бев на мастерот, сè требаше да биде готово во септември, но сега сè е одложено. Разговарав со некои тимови, ќе видиме. Не ми пречи да се преселувам и немам никакви проблеми“, рече Пирло.
Неодамна, тој зборуваше и за неговата кариера, откривајќи дека треба да стане член на Рим.
„Јас бев во близок контакт со Рома. Луис Енрике беше назначен за тренер во тоа време, американските сопственици на Рома имаа амбициозен проект … Сепак, на крајот не се согласивме“, откри Пирло.