Connect with us

Ракомет

Писонеро: Ова е тежок пораз за Вардар

Катастрофалната игра на Вардар во првото полувреме од натпреварот придонесе за убедливиот пораз на европскиот шампион. Кил со 31:20 го совлада Вардар во Скопје. За овој меч, кој „Вардарци“ ќе сакаат да го заборават, зборуваше тренерот Давид Писонеро.

„Честитки за гостинската екипа. Ова е тежок пораз за Вардар, после одиграно лошо прво полувреме со многу промашени и изгубени топки. Во второто полувреме играта многу се подобри, посебно во одбраната, се играше агресивно. Тоа доведе до неколку лесни голови, меѓутоа разликата беше преголема од првото полувреме, така да на крајот и поразот беше неминовен.“