Connect with us

Фудбал

Пјаниќ и Роналдо тренираа по специјална програма

Миралем Пјаниќ и Кристијано Роналдо и денес продолжуваат да прават специјален тренинг.

Дуото на Јувентус има мали проблеми со повреди, но ништо сериозно и тие се појавија на тренингот денес.

Сепак, како и вчера, тие тренираа одделно од остатокот на тимот и работеа по посебна програма.

Да сотсетиме дека минатиот викенд Пјаниќ го напушти теренот во 50-та минута од натпреварот против Наполи.

Ова не е сериозна повреда и италијанските медиуми известуваат дека тој треба да биде во конкуренција и подготвен за натпреварот против Фиорентина, кој е закажан за викенд.

Патем, Јувентус претрпе втор пораз оваа сезона против Наполи. Беше 2-1 за Наполитанците.