Фудбал
Пјаниќ: Интер ни бега еден бод, а не десет
Миралем Пјаниќ синоќе се најде во најдобариот тим во Серија А минатата сезона, откако одигра одлични натпревари во дресот на Јувентус.
На церемонијата во Милано, бх. фудбалерот ја доби наградата за еден од најдобрите играчи од средниот ред во Серија А, и беше заслужено избран во тимот на сезоната. По оваа, Пјаниќ даде изјава пред присутните медиуми и зборуваше за тековната сезона.
Јувентус во моментов не доминира во Серија А, бидејќи Интер е прв со предност од еден бод. „Старата дама“ изминатиот викенд освои само бод против Сасуоло (2:2). Сепак, Пјаниќ рече дека ова не е катастрофа затоа што тие не се ниту на половина пат низ сезоната.
“Сè уште не стигнавме на половина пат од сезоната и сеуште не чекаат многу натпревари. Ние сме еден бод зад Интер, а не десет. Сезоната е долга и жалам што ги пропуштивме бодовите во недела“, Рече Пјаниќ, додавајќи.
“Ние сакаме да победиме на секој натпревар и да напредуваме од ден на ден. Нашата прва цел беше осмина финале во Лигата на шампионите. Сега е Суперкупот на Италија и враќање на првото место во Серија А.”
Пјаниќ ја коментираше и одлуката на неговиот соиграч Кристијано Роналдо да не присуствува на Златната топка во Париз.
„Тој не е навикнат да не победува. Жал ми е за него затоа што со години е најдобар во светот. Тој направи многу во својата кариера и постигна сешто за што сите сонуваме“, заклучи Пјаниќ.