Фудбал
Пјаниќ ја открива целта на Јувентус и неговиот сон
Миралем Пјаниќ, играчот од средниот ред на Јувентус, во разговор за „Радио Сараево“ ги откри целите на Јувентус, но исто така и неговиот сон.
„Мојот сон е да бидам еден од најдобрите во светот, јас работам и среќен сум од начинот на кој се одвиваат работите. Јас, еден од најдобрите против Интер? Признавам дека сè помина добро. Заслуживме 2-1 и ние конечно сме на првото место во првенството“, рече Пјаниќ.
„Мислам дека нашиот тим е дефинитивно најдобар во Италија. Ние сакаме да бидеме на врвот на табелата и од минатата недела сме таму каде што треба да бидеме. Сакаме да ги освоиме сите трофеи. Ова е целта на Јувентус“.
„Овој клуб е меѓу првите три или четири во светот. Нашата цел е да освоиме сè секоја година. Сакаме да ги освоиме сите трофеи и ќе се обидеме да го направиме тоа повторно оваа година. Мојот сон е да го подигнам трофејот од Лигата на шампионите. Се надевам дека ќе успеам оваа година“.