Connect with us

Фудбал

Пјаниќ „отпишан“ во Торино? Покрај Барселона, Јувентус преговара со два други клуба

Италијанските медиуми во претходните денови пишуваа дека Миралем Пјаниќ ќе го напушти Јувентус на крајот на сезоната и својата кариера ќе ја продолжи во Барселона.

Наводно, Барселона и Јувентус преговараат за трансфер на Пјаниќ, а договорот треба да вклучува најмалку еден фудбалер од каталонскиот клуб.

Според шпекулациите, во игра се Иван Ракитиќ, Артуро Видал и Артур Мело, кои јавно кажаа дека не сакаат да го напуштат „Камп Ноу“. Сепак, „Скај Спорт“ Италија носи нови вести за Пјаниќ, а тоа е дека Јуве не преговара само со Барселона.

Како што изјавуваат, Пјаниќ сигурно ќе ја напушти „Старата дама“ ова лето, но прашање е каде ќе ја продолжи кариерата. Скај Спорт пишува дека Јувентус веќе некое време преговара со Барса, но дека во игра се уште два клуба.

Наводно, станува збор за ПСЖ и Челси со кои Јувентус исто така преговара за размена на играчи. Тие сакаат да го доведат Жоржињо од Челси и се подготвени да го испратат Пјаниќ во Лондон, додека во преговорите со ПСЖ го нудат играч од средниот ред во замена за Леандро Паредес.