Connect with us

Фудбал

Пјаниќ: Уште во 2014 година можев да потпишам, овој клуб претставува совршенство

Миралем Пјаниќ откри дека во 2014 година имал можност да замине во Јувентус.

Пјаниќ зборуваше на Инстаграм во живо со поранешниот фудбалер на Лион, Сони Андерсон, за кој откри дека бил близу до Јувентус пред шест години.

„Можев да потпишам во 2014 година за Јуве. Тие тогаш имаа одличен тим. Јас тогаш си реков дека е време да влезам во светот на Јувентус“, рече Пјаниќ, додавајќи:

„Кога ќе влезете во соблекувалната, ги гледате имињата на легендите, ја гледате историјата на клубот и победничката ДНК. Овој клуб претставува совршенство. Победува затоа што дејствува повеќе од другите“.

Пјаниќ, кој дојде во Јуве во 2016 година од Рим, зборуваше и за шансите на Јуве да ја освои ЛШ.

„Јувентус ќе се обиде да ја освои ЛШ. Исто така ќе ни треба среќа да го собереме целиот тим. Ние сме една од 5-6 екипи кои можат да ја освојат Лигата на шампионите“, додаде Пјаниќ.