Фудбал
Пјатек го напушта Милан, еве каде ќе игра!
Јануарскиот преоден рок би можел да донесе повеќе промени во Милан, па дури и за играчи кои не наоѓаат простор и повеќе не се среќни. Меѓу нив е Пјатек, кој беше платен 35 милиони евра пред една година и целосно разочара оваа сезона постигнувајќи само 4 гола.
Напаѓачот ја чека вистинската понуда и, според новинарот Пјотр Козмински кој пишува за престижниот полски „Дејли Супер експрес“, трансферот на напаѓачот би можел да се случи во Премиер лигата, каде што некои клубови го сакаат, вклучувајќи го и Тотенхем на Мурињо.
Милан е подготвен да го продаде, но не помалку од 30 милиони евра за да избегне губење на средства.