Connect with us

Фудбал

Пјаца конечно договори, следува претставувањето во новиот клуб?

Тешката повреда секако, драстично влијаеше врз кариерата на Марко Пјаца, а одамна е јасно дека хрватскиот фудбалер не е во плановите на старата дама за новата сезона.

По заемот во Шалке, Пјаца бараше нов клуб ова лето и се чини дека го нашол. Имено, долго време се шпекулираше дека е блиску до постигнување на договор помеѓу Јувентус и Фиорентина за Марко Пјачо. Сепак, по веста дека преговорите застанале поради структурата на договорот, „Калчомеркато“ сега тврди дека договорот конечно е постигнат.

Така Марко Пјаца ќе биде на позајмица од една сезона во Фиорентина, за која ќе платат два милиони евра. Фиорентина ќе има можност за откуп на договорот на крајот од сезоната, за 20 милиони евра, но во договорот, исто така, ќе биде вклучува и клаузула за откуп за Јувентус.

Така, Старата дама ќе има можност да го врати Пјаца од Фиорентина за износ од 26-27 милиони евра.

Очигледно самиот Пјаца го фаворизираше трансферот во Фиорентина, наместо да оди во Сампдорија, кој исто така се споменува како опција. Така, Пјаца договори петгодишна соработка со Фиорентина, првата година ќе почне да тече од приклучувањето во редовите на Фиорентина, додека останатите четири по активирањето на клаузулата за откуп.