Фудбал
Пјонтек пристигнува во Фиорентина
Фиорентина се договорила за доаѓањето на Кшиштоф Пјонтек, пренесуваат италијанските медиуми.
Полскиот напаѓач би требало да дојде во Фиорентина на позајмица од Херта до крајот на сезоната, со можност за откуп на договор по истекот на позајмицата. Доколку Виола реши да го задржи, ќе треба да плати 16.000.000 на германскиот клуб на име обештетување.
Пјонтек доаѓа да биде замена за Душан Влаховиќ, кој на лето ќе го напушти клубот.
На негово место требаше да дојде Александар Кокорин, но тренерот го пречкрта и се очекува зимава да биде продаден.
Пред неколку години Пјонтек доби афирмација во Италија, кога играше за Џенова, каде пружи одлични партии, по што Милан го купи. Добро ја започна својата епизода во познатиот клуб, но потоа формата му падна, по што беше продаден на Херта.