Поврзи се со нас
Here is the banner code 300x250 for mobile:

Кошарка

Пламли од Денвер до Детроит

Американскиот кошаркар Мејсон Пламли е ново засилување за Детроит Пистонс.

Детроит објави дека се согласил да соработува со Пламли.

Договорот ќе биде потпишан на три години, а Пламли ќе инкасира 25 милиони долари.

Пламли играше за Денвер Нагетс во последните три сезони, а минатата година имаше просек од 7,2 поени по натпревар на кои додаде 5,2 скока и 2,5 асистенции.

Покрај Денвер, овој кошаркар играше и за Бруклин Нетс и Портланд Трејл Блејзерс.

loading...

Facebook