Connect with us

Фудбал

Платија 150.000 евра, а сега Шкендија ја прекина соработката со Марјан Радески

Македонскиот репрезентативец Марјан Радески во новата сезона ќе има нов клуб, затоа што фудбалерот и Шкендија официјално се разделија. Крилниот напаѓач цели пет години го носеше дресот на тетовци, а дојде од редовите на Металург за рекорден трансфер помеѓу македонски екипи од 150.000 евра. Радески изминатата сезона во Првата лига, која беше предвремено прекината поради Ковид-19, одигра 20 натпревари и постигна само еден гол. За овие пет сезони одигра 134 натпревари за Шкендија и постигна 33 голови.

Покрај Радески, од Шкендија си заминаа Костандин Чешмеџиев, Самир Фазли и Ардин Далку. Со останатите се води преговори, а силна е желбата на управата да се задржат најмалку двете главни ѕвезди Агим и Бесарт Ибраими.

Шкендија исто така е во преговори и за враќање на Езгон Бејтулаи, а договорот меѓу двете страни е многу близу.