Connect with us

Фудбал

Платини: Ме опишуваа како Ал Капоне, ПСЖ може да се нарече и Кока-Кола!

Мишел Платини во интервју за „Франко Инфо“ зборуваше за тимовите како што е ПСЖ и особено за модерниот фудбал кој благодарение на парите што ги прават клубовите е се подалеку од романтични.

Поранешниот претседател на УЕФА беше обвинет за корупција и беше отстранет од функцијата.

„Фудбалот денес е базиран на богатство! Денес ги купува најдобрите и победува. Да го земеме за пример ПСЖ. Претседателот е од Катар, спортскиот директор е Бразилец, тренерот е Германец и има само еден Французин во тимот. Клубот е наречен ПСЖ затоа што е тим на Париз, но може да се нарече било како без проблем. Може да се нарече и Кока-Кола“.

„Кога бев претседател на УЕФА, се обидов да создадам турнири каде сите би можеле да имаат сон да победат, но денес стана тешко. Ме опишуваа како Ал Капоне, но сакав да го проширам фудбалот“.