Connect with us

Други спортови

Плавата бомбардерка ги покажа градите: Следеше незгодно прашање и (не)очекуван одговор (ФОТО+ВИДЕО)

Ебани Бриџис попозната како Плавата бомбардерка даде интересен одговор на прашањето на еден од нејзините следбеници на Твитер.

Австралијката која има учинок од седум победи и само еден пораз во рингот имаше една од борбите на годината кога се бореше со Шенон Кортни за титулата ВБА во бантам категорија.

Плавата бомбардерка го привлече вниманието и со изгледот, бидејќи е една од најубавите жени во светот на спортот.

Таа во понеделникот на Твитер објави фотографија додека се подготвува за излегување, а нејзините гради се во преден план.

Еден од 86.000 следбеници ја прашал Австралијката дали градите ќе и експлодираат доколку некој доволно силно ги удри.

„Да, ќе експлодира како големи водени балони, а мојот противник ќе се удави во силикони“, одговори Бриџис.

Бриџис претходно зборуваше за стереотипите поради нејзиниот изглед и дека поради нејзиниот изглед некои не треба да ја сфаќаат сериозно како боксерка.

“Тие велат дека згодните девојки не можат да боксираат или не се паметни. Да бидеме реални. Ако го носам она што сите го носат, луѓето нема да бидат заинтересирани”.

„Се обидувам да привлечам повеќе внимание на женскиот бокс. Можете да ме критикувате колку што ви се допаѓа, но ако мојот изглед беше обичен, немаше ни да знаете дека се борам“, рече таа пред да се бори со Корнеј.

Инаку, Бриџис порано работела како учителка во Австралија, а во Велика Британија во 2009 година добила забрана за бокс бидејќи постои можност да и скршат импланти.