Фудбал
ПМФЛ: Шкупи и Академија Пандев ремизираа во натпревар со шест голови (ВИДЕО)
Бранителот на титулата Шкупи попладнево во Кичево одигра нерешено 3-3 против Академија Пандев, додека во градската пресметка Работнички убедливо го совлада Скопје со 4-0, во двата воведни натпревари од 21 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Струга по ремито на Шкупи остана лидер на табелата со 39 бодови, еден повеќе од тимот од Чаир.
Прволигашкото 21 коло ќе биде комплетирано утре со преостанатите три натпревари.
Двојките за в недела се Брегалница – Шкендија, Победа – Силекс и Македонија ЃП – Тиквеш.
Слободна во ова коло е екипата Струга ТЛ