Connect with us

Фудбал

По 11 години заминува, уште еден искусен фудбалер ја напушта Барселона

По Серхио Бускетс, но и Жерар Пике, Барселона ја напушта и Жорди Алба. Оваа вест денеска ексклузивно ја потврди Џерард Ромеро, реномиран новинар со силни извори во клубот.

„Џорди Алба ја напушта Барселона. Клубот тоа ќе го соопшти денеска. Тој ќе се откаже од голем дел од платата за следната сезона и ќе добие чисти документи“, потврди Жерар Ромеро.

Каталонски извори истакнуваат дека заминувањето на Алба нема никаква врска со потенцијалното враќање на Меси, исто како што тврдеа со Бускетс и дека тоа било желба на играчот, а не притисок од клубот. Сепак, останува да се види дали Меси навистина ќе се согласи да се врати во момент кога клубот го напуштија двајца негови најдобри пријатели. Како и Серхио Бускетс, не е познато каде Алба ќе ја продолжи кариерата, но се шпекулира дека не сака да ја напушти Шпанија.

Алба за првиот тим дебитираше во 2012-та година, и досега освои се што можеше да се освои со Каталонците.