Connect with us

Фудбал

По 12 години и 229 настапи го напушта Јунајтед: „Засекогаш ќе паметам еден момент“

Фил Џонс (31) на крајот од сезоната го напушта Манчестер Јунајтед. На Џонс тогаш му истекува договорот во кој има опција да го продолжи на уште една година, но не ја активирал.

Џонс беше доведен од легендарниот менаџер на Јунајтед, Сер Алекс Фергусон како голем талент во 2011 година за 19,3 милиони евра од Блекбурн, но во последните сезони речиси воопшто не играше поради проблеми со повреди.

Со клубот од Манчестер освои шест трофеи. Во текот на 12 години, тој забележа 229 настапи и постигна шест и асистираше за десет гола. Во кариерата забележа 27 настапи за англиската репрезентација, последниот против Белгија на СП 2018 година.

„Ми беше многу тешко во последните години. Тоа нема да го кријам. Семејството ми беше пресудно во тој период. 

Момент кој никогаш нема да го заборавам е кам-бекот минатата сезона против Вулверхемптон. Се ежам кога размислувам за тоа сега. Работев напорно за да се вратам. Им благодарам на фановите за љубовта што ми ја покажаа тогаш“, изјави Џонс и откри дека се уште не знае дали ќе ја продолжи кариерата.

Facebook