Connect with us

Фудбал

По 15 години, Реал Мадрид повторно ја користи тактиката „Кристијано Роналдо“, на Манчестер Јунајтед му ја краде ѕвездата!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез наводно веќе го убедил Килијан Мбапе да потпише за „кралскиот клуб“ со нови услови. Но,  тоа не е единствената цел за ова лето. Како што пишуваат шпанските медиуми, Реал Мадрид нешто неочекувано тргна по младиот Алехандро Гарначо од Манчестер Јунајтед, користејќи ја „финтата“ со која го донесе Кристијано Роналдо од „Олд Трафорд“.

Што станува збор?

Реал Мадрид веќе некое време го следи Гарнчо, а Флорентино Перез има намера лично да разговара со него кога тимот наскоро ќе отпатува за Манчестер, на натпреварот против Сити во четврт-финалето на Лигата на шампионите. Тоа навистина не е дозволено, но очигледно Перез игнорира такви работи.

Гарначо (19) е роден во Мадрид и реши да игра за аргентинската репрезентација, а оваа сезона покажа дека е еден од најголемите таленти во светот. Сите беа изненадени кога Јунајтед го „украде“ од Атлетико, па Гарначо експлодираше кај Ерик тен Хаг и забележа седум гола и четири асистенции сезонава.

Неговата вредност е околу 50 милиони евра, но тешко дека клубот ќе го пушти за двојно повеќе. Да потсетиме, трансферот на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид од Јунајтед во 2009 година за 100 милиони евра беше тогаш најголемиот во светот на фудбалот, а несомнено е една од најдобрите набавки во историјата бидејќи Португалецот ги собори сите рекорди во Мадрид.