Connect with us

Фудбал

По Арсенал и Валенсија се вклучува во трката за Енис Барди, но кој го сака ќе мора да плати 30 милиони евра

Енис Барди одигра одлична сезона во Шпанија во дресот на Леванте. Кога тој е на теренот неговиот тим не губи, а одличните партии не останаа незабележани. Според шпанските медиуми Валенсија е новиот клуб кој се вклучува во трката за македонскиот репрезентативец.

Претходно се спомнуваа Арсенал, Фиорентина, Севиља, Лајпциг и Баер Леверкузен. Сепак шпанска „Марка“ тврди дека клубот кој прв ќе се согласи да исплати 30 милиони евра на Леванте, ќе го добие Енис Барди. Сумата секако е висока, но според прикажаното на теренот и според тоа колку пари за трансфери се даваат во денешницата, Барди вреди секое евро.