Филип Чурлевски кој изминатите четири години беше во Еурофарм Пелистер сега го напушта клубот. 28-годишниот среден бек четири сезони беше дел од битолскиот тим, но по истекот на договорот не најде заеднички јазик со раководството на клубот и ќе започне нов предизвик во својата кариера.