Фудбал
По елиминацијата, ПСЖ тргнува по Хари Мегваер, мислат дека тој е клучот за пехар во ЛШ?!
Пари Сен Жермен е елиминиран во осминафиналето од Лигата на шампионите од Баерн Минхен. Сега, бара засилување, а еден од нив би можел да биде и Хари Мегваер! Најскапиот дефанзивец на сите времиња и едно од најголемите промашувања во историјата. Од доаѓањето на Насер Ал Хелаифи, парижаните имаа само една цел, да го подигнат пехарот во ЛШ. Во тоа не успеаја ниту во сезоната во која заедно играа Килијан Мбапе, Нејмар и Лионел Меси…
Во претходните 12 години, ПСЖ само еднаш беше на дофат, односно играше финале, кога беше сопрен од Баерн во финалето 2019/2020. По огромните милиони вложени во тимот и засилувањата, соборувањето на рекорди во плати и обештетувања, оваа сезона доживеа нов неуспех бидејќи повторно беа елиминирани од Баерн и во првата рунда од нокаут фазата. Спортскиот директор Луис Кампос веќе почнал да бара засилувања и наводно е подготвен на Манчестер Јунајтед да му понуди 50 милиони евра за Мегваер пишува „Скај спорт“.