Connect with us

Други спортови

По Ѓоковиќ, сега и Федерер мета на критики поради однесувањето за време на коронавирус

Швајцарскиот тенисер и четврти играч на светот Роџер Федерер (38) ја разбесни јавноста со своето неодговорно однесување во моментите додека светот се бори со пандемијата со коронавирусот.

Имено, Федерер беше на едно дружење со навивачите, потпишуваше автограми и се фотографираше, а притоа не носеше маска и никој не се придржуваше до социјална дистанца.

-Она што го кажавме за Ѓоковиќ, мораме да го повториме тука. Роџер се фотографираше со навивачите, а никој не носеше маска, ниту беа одалечени на потребната дистанца. Исто така, му даваат некакво пенкало за да потпише автограм. Погрешо, напиша на Твитер, Пунто де Брек Жозе Морон, прв човек на специјализираниот интернет сајт за тенис.