Connect with us

Фудбал

По хаосот на теренот на мечот со Трабзон, Фенербахче дури размислува да се повлече од турската лига!?

Управниот одбор на Фенербахче може да донесе одлука за повлекување од актуелниот турски шампионат, објавено е на клупскиот сајт на тимот од Истанбул.

За ова прашање ќе се разговара на следниот состанок на бордот на директори, кој ќе се одржи на 2 април.

– Проценка на активностите што треба да се преземат, вклучително и повлекувањето на нашиот фудбалски тим А од Супер лигата, врз основа на настаните што се случија на натпреварот одигран ноќта на 17 март 2024 година и неодамнешните настани во турскиот фудбал, е една од точките на претстојниот состанок.

Навивачите на Трабзонспор на 17 март ги нападнаа играчите на Фенербахче по натпреварот од 30. коло на турскиот шампионат. Навивачите истрчаа на теренот и започнаа физичка пресметка со гостинските фудбалери. з